Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кина осуди поранешни министри за одбрана на смртна казна со одложување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
kina

Двајца поранешни кинески министри за одбрана, Веј Фенгхе и Ли Шангфу, се осудени поради обвиненија за корупција пред кинескиот воен суд на смртна казна со двегодишно одложување на извршувањето, по што е предвидено нивните казни да бидат преиначени во доживотен затвор.

Веј и Ли биле поранешни членови на Централната воена комисија, како и некогашни државни советници, пренесува Синхуа.

— реклама —

Според одлуките на судот, Веј е прогласен за виновен за примање мито, додека Ли е осуден за примање и давање мито.

— реклама —

Доживотно им се одземени политичките права, а целиот нивен личен имот ќе биде конфискуван.

Во судските одлуки се наведува дека, откако по истекот на двегодишното одложување нивната казна ќе биде преиначена во доживотен затвор во согласност со законот, нема да имаат право на дополнително ублажување на казната и на условен отпуст.

— реклама —

Веј ја извршувал функцијата министер за одбрана од 2018 до 2023 година, а него го наследил Ли, само неколку месеци пред да исчезне од јавноста, пишува NBC News.

— реклама —

И двајцата ги загубиле своите позиции во Комунистичката партија на Кина.

Од доаѓањето на власт на претседателот на Кина Си Џинпинг во 2012 година, неговите кампањи против корупцијата доведоа до смена на милиони функционери, а одредени високи функционери осудени за корупција наводно починале во притвор, пишува порталот Politico.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 1 седмица

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања