Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кина отвора редовна поморска линија преку рускиот Арктик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarymnnfa8l573bvauqXfEn
Photo by Tomas Williams on Unsplash

Руската државна нуклеарна корпорација „Росатом“ соопшти дека издала дозволи за седум кинески бродови кои преку Северниот морски пат треба да пловат кон Европа.

— реклама —

Според директорот на „Росатом“, Алексеј Лихачов, кинеската компанија Sea Legend Shipping планира во 2026 година да воспостави прва редовна контејнерска линија на оваа арктичка рута, со неделни пловидби во текот на навигациската сезона.

— реклама —

Северниот морски пат се протега долж северниот брег на Русија низ Арктичкиот Океан и се смета за можна алтернатива на Суецкиот Канал. Москва со години се обидува да го развие овој коридор како значајна меѓународна трговска рута, иако неговата употреба е ограничена поради мразот, високите трошоци и потребата од ледоломци.

— реклама —

Од „Росатом“ оценуваат дека рутата добива на значење поради нестабилната безбедносна состојба во регионот на Ормускиот Теснец и Црвеното Море, што создава неизвесност за традиционалните поморски правци.

— реклама —

Русија во последните години инвестира во флота од нуклеарни ледоломци и во инфраструктура долж Северниот морски пат, со цел да ја продолжи сезоната на пловидба и да го зголеми обемот на товарниот транспорт преку Арктикот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 4 дена

media-library99b0lnchmgsmaHBtqB6

(Видео) Кинеска компанија ги искористи нередите во Париз за реклама на сигурносно стакло

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања