Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кина со најобемни воени маневри околу Тајван: истрелани ракети и симулирана блокада на островот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-librarynjpo5ednjjb55EI2aHB
YouTube/Print Screen

Кина втор ден по ред изведува големи воени маневри околу Тајван, при што беа истрелани ракети во водите на север и југ од островот, а во акцијата учествуваат и бомбардери, разорувачи и повеќе воени бродови. Маневрите, според Пекинг, претставуваат проба за целосна блокада на Тајван.

Кинеската војска соопшти дека боевите активности ќе траат до 18 часот и ќе го зафатат морето и воздушниот простор на пет различни зони. Објавено беше и видео на кое се гледа мобилен ракетен фрлач како испукува проектили во морето од неименувана локација во Кина.

— реклама —

Истовремено, морнаричките и воздухопловните сили изведоа симулации на напади врз тајвански поморски и воздушни цели, како и антиподморнички операции. Маневрите се одржуваат под називот „Мисија на правдата 2025“ и доаѓаат само 11 дена откако САД го одобрија најголемиот досега пакет оружје за Тајван, вреден 11,1 милијарди долари.

— реклама —

Официјален извор за безбедност во Тајван изјави за Ројтерс дека внимателно се следи дали Кина ќе испука ракети и над територијата на островот, како во 2022 година, по посетата на Ненси Пелоси на Тајпеј. Ова е шеста поголема серија кинески вежби од тогаш.

Паралелно, според истиот извор, Пекинг ги користи маневрите и за тестирање на напади врз копнени цели, вклучително и врз американскиот артилериски систем HIMARS со дострел до 300 километри. Кинескиот PCH-191, кој учествуваше и на парадата во Пекинг во септември, има споредлив дострел и, според кинеските државни медиуми, може да погоди која било точка на Тајван.

— реклама —

Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те во објава на Фејсбук порача дека островот е подготвен да се брани, но нагласи дека Тајпеј нема намера да ја зголемува напнатоста.

— реклама —

Министерството за одбрана на Тајван потврди дека дел од кинеските боеви активности утрово се одвивале северно од островот и дека остатоци од ракетите навлегле во континуираната зона на Тајван — подрачје што се протега на 24 наутички милји од брегот.

Маневрите се оценуваат како досега најмасовни по површина и најблиски до тајванското крајбрежје, што дополнително ја зголемува загриженоста за можноста од несакана ескалација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library4chamrks3ooseeeeuyn

Кина започна тестирање на 6G во осум региони: Комерцијалната примена се очекува до 2030 година

Свет | пред 54 минути

— реклама —
media-librarym8ueng8dqo9teutAQAM

(Видео) Најмалку 14 загинати и 25 повредени во пожар во повеќекатна зграда во Кина

Свет | пред 2 седмици

media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина ѝ се закани на Америка со контрамерки поради санкциите за кинески компании поврзани со Куба

Свет | пред 2 седмици

media-libraryv3ckm3kqf3k3aaIP3Zg

Кина реагира на дополнителните давачки за пратките од платформи како „Шејн“ и „Тему“

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања