Промени тема
Контакт

Кина успешно лансираше експериментално вселенско летало

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library31c7484oc5ql5xR0qDl

Кина успешно лансираше експериментално вселенско летало за повеќекратна употреба, што претставува четврто вакво лансирање од 2020 година наваму. Леталото беше испратено во орбитата со ракета „Долг марш-2Ф“ од сателитскиот лансирен центар Ѓуќуан, на северозападот од земјата, објави државната новинска агенција Синхуа, пренесува Ројтерс.

Според Синхуа, целта на мисијата е проверка на технологиите за летала за повеќекратна употреба и обезбедување техничка поддршка за мирољубиво користење на вселената. Не е соопштено колку долго леталото ќе остане во орбитата, ниту се наведени детали за технологиите што се тестираат или за орбиталната височина на летот.

— реклама —
— реклама —

Развојот на вакви летала се смета за клучен чекор за зголемување на зачестеноста на вселенските мисии и за намалување на нивните трошоци.

— реклама —

Кина првото експериментално летало за повеќекратна употреба го лансираше во септември 2020 година, кога престојот во орбитата траеше два дена. Втората мисија, започната во август 2022 година, траеше 276 дена. Леталото лансирано во септември 2024 година, исто така од центарот Ѓуќуан, по 268 дена во орбитата успешно се врати на предвиденото место за слетување, наведува Синхуа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7tv9v9fvadlud4al5Jh

(Видео) Кинески брод се судри со товарен брод под панамско знаме

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library8ekf8jkntg25a9IMKVn

Пред средбата со Си, Трамп доби барање: Не дозволувајте влез на кинеските автомобили

Свет | пред 2 дена

media-libraryresjc760pck67ro2HIE

Природните катастрофи во Кина предизвикаа штета од 4,7 милијарди евра: 595 лица загинати или исчезнати

Свет | пред 3 дена

media-librarylqlj39ner6aqdorcJsr

Кина воведе построги ограничувања за патувања во странство

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања