Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Кинеските хуманоидни роботи го освојуваат светот: Некои чинат помалку од 6.000 долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Магазин
media-librarynvi3dsrde4i1eMZCYWY
фото: unsplash

Хуманоидните роботи произведени во Кина сè повеќе доминираат на светскиот пазар, привлекувајќи внимание со своите напредни способности – од изведување акробации и регулирање сообраќај, до подготовка на пијалаци.

— реклама —

Според податоците што ги пренесува АП, минатата година во светот биле испорачани повеќе од 13.000 хуманоидни роботи. Кинеските компании AGIBOT и Unitree испорачале по повеќе од 5.000 роботи, со што заедно покриваат околу 85 проценти од глобалниот пазар.

— реклама —

Една од нивните најголеми предности е цената. Благодарение на користењето локални компоненти, кинеските модели се во просек најмалку 20 проценти поевтини од странските конкуренти, а некои поедноставни роботи во Кина можат да се купат и за помалку од 6.000 долари.

Компанијата Unitree минатата година остварила приходи од околу 250 милиони долари и нето-добивка поголема од 41 милион долари, додека значителен раст бележат и Matrix Robotics од Шангај и EngineAI од Шенжен.

— реклама —

Сепак, експертите предупредуваат дека голем дел од денешните хуманоидни роботи сè уште имаат повеќе демонстративна и забавна улога отколку вистинска практична примена. Тие посочуваат дека роботите и понатаму се соочуваат со предизвици при извршување сложени задачи во непредвидливи реални услови.

— реклама —

И покрај тоа, прогнозите остануваат оптимистички. Банката „Морган Стенли“ очекува продажбата на хуманоидни роботи во Кина годинава да надмине 28.000 единици, додека истражувачката куќа Omdia предвидува дека на почетокот на следната деценија глобалните годишни испораки би можеле да надминат еден милион роботи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6pd0lam3ptbn2yspc8f

(Видео) Хуманоиден робот тргна да напаѓа луѓе со кунг-фу движења на првиот работен ден

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryr3svepmp6gvafCQc1M2

(Видео) Роботот Бибоп ги забавуваше патниците, а потоа го стопираше летот

Магазин | пред 1 месец

media-library44bb0i9mmhap7tnTUHU

Роботски кучиња почнаа да ги чуваат насадите со пченка на Хаваи

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања