Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кинезите доминираат со батериите за електрични возила: Држат 73,3 отсто од светскиот пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryei470e6nhq277knADVN
Photo by Benjamin Brunner on Unsplash

Кинеските производители продолжуваат да имаат водечка позиција на глобалниот пазар на батерии за електрични возила, а седум компании од Кина се најдоа меѓу десетте најголеми производители во првите осум месеци од годинава.

— реклама —

Според податоците на јужнокорејската истражувачка компанија SNE, од јануари до август во целосно електрични, приклучни хибридни и хибридни возила биле вградени вкупно 844,2 гигават-часови (GWh) батерии. Тоа е раст од 19,7 отсто во споредба со истиот период минатата година.

— реклама —

На врвот на листата е кинескиот производител CATL со 333 GWh вградени батерии и удел од 39,4 отсто на светскиот пазар. Испораките на компанијата се зголемиле за 25,2 отсто на годишно ниво, што е над просечниот раст на глобалниот пазар.

Втор е кинескиот BYD со 127,9 GWh и пазарен удел од 15,1 отсто. Иако испораките на BYD пораснале за 6,2 отсто, уделот на компанијата се намалил од 17,1 отсто во истиот период минатата година.

— реклама —

CATL и BYD заедно контролирале 54,6 отсто од светскиот пазар на батерии за електрични и хибридни возила, што значи дека повеќе од половина од вградените батерии потекнувале од еден од овие два производители.

Кинеската доминација е уште поизразена кога се разгледува листата на десетте најголеми производители. Седум кинески компании од првите десет во првите осум месеци имале заеднички удел од 73,3 отсто на глобалниот пазар, што е зголемување во однос на 69,7 отсто во истиот период една година претходно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4r1bae2krivj7ZG8yTf

(Видео) Катастрофален земјотрес во Кина: Најмалку 16 загинати, стотици куќи урнати

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryaei88dofkepc9yZMMs6

(Видео) Тригодишно девојче во Кина висело од прозорец на 12. кат со главата заглавена во решетките – соседите го спасиле во последен момент

Свет | пред 3 дена

gradinka-2

Со токсична боја ја разубавувале храната во градинка, отруени повеќе од 200 деца и вработени во Кина

Свет | пред 1 седмица

media-libraryftfkrff081p06rB97W2

Кина: Нашиот план за траен мир го поддржуваат повеќе од 130 држави

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања