„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Кирацовски ќе тужи медиуми кои шират лажни информации за неговиот имот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kiracoski

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски на својот фејсбук профил најави тужба против неколку медиуми за како што вели ширење клевети против него.

— реклама —

Како што пишува Кирацовски на Фејсбук, тужба ќе биде покрената против vecer.mk; netpress.com.mk; kurir.mk; republika.mk; denesen.mk, за кои вели дека се  пример за ширење лажни информации, груби измислици и инсинуации – тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.

„Ова е еклатантен пример за лиферување на лажни информации, груби измислици и инсинуации - тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.

— реклама —

Сериозни медиуми ова не би си го дозволиле, а несериозните, како гореспоменатите, мора да сносат одговорност.

Наводите за споменатото возило се груба лага и клевета која лесно се докажува, во или вон судска постапка и е беспредметна за дискусија.

Од друга страна, фамозната "хациенда" е семејна куќа изградена од 2013\ 2015 год. (а НЕ кога јас сум на општествена функција) на локација која е еден век во сопственост на мојата фамилија, од секој аспект основана и пријавена во Антикорупциска комисија.

Ваквата зла практика на ширење на груби ЛАГИ на дрзок и безобразен начин дополнително ме мотивира, како пратеник во републичкото Собрание, да покренам сериозна иницијатива за законско решение со кое ќе се стави крај на создавањето на лажна претстава за реалноста.

Секоја информација ќе мора да се провери пред да се објави, а доколку се стори спротивното, одговорноста ќе биде повеќекратна.

Таквото законско решение е од интерес на граѓаните, затоа што тие одлучуваат и никогаш не смее да бидат доведени во заблуда од било какви "центри на моќ" чии што цели се спротивни од граѓанските.

И запомнете: 100 пати повторена лага станува вистина, но не посилна од 100 пати повторена вистина“, напиша Кирацовски на ФБ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања