Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

кирацовски не се сложува со Заев, Николовски и Груби: Aдминистративците по рамковниот концепт не треба да бидат привилегирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kiracoski

Поранешниот генерален секретар на СДСМ и поранешен пратеник, Александар Кирацовски контра премиерот Зоран Заев, актуелниот генерален секретар Љупчо Николовски и вицепремиерот Артан Груби за случајот со разрешувањето на директорот Стојко Пауновски. За разлика од останатите, Кирацовски смета дека Пауновски не треба да се разрешува, туку да се сметат критериумите за рамковна распределба на вработените по рамковниот договор, објави А1ОН.

— реклама —

„Да се менуваме на подобро, менувајќи го лошото, не доброто. Aдминистративците по рамковниот концепт треба да бидат артикулирани во системот, согласно критериумите кои важат за сите останати, но не треба да бидат привилегирани на штета на истиот. Кога веќе силно се залагаме за подигнување на критериумите на високо професионално ниво во администрацијата и државниот апарат, неупатно и погрешно е да го менуваме оној кој најдоследно ги применува. Можеби јавната конфронтација на Пауновски е политички несмасна и спротивна на професионалниот кодекс на однесување, но неговата смена во овој момент би била грешна порака, спротивна на евидентните заложби“, напиша Кирацовски.

Претходно, премиерот Зоран Заев кажа дека очекува да се разреши Стојко Пауновски, бидејќи смета дека има основ за тоа. Ова доаѓа откако претходно Пауновски одби да вработи 35 „рамковни“ административци, бидејќи сметаше дека тие не исполнуваат услови согласно систематизацијата.

— реклама —

извор: А1ОН

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања