ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да го повлече својот ангажман како алатничар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kiracoski

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека побарал од таткото на неговата сопруга да се повлече од новиот ангажман како аналитичар.

— реклама —

„Ги следиме внимателно реакциите во јавноста и сериозно бараме решенија кои ќе гарантираат ист принцип за сите и морални чекори кои даваат додадена вредност.

Искрени сме во тоа.

— реклама —

Никој не смее да биде привилегиран, а уште помалку дискриминиран, но чекори мора да се преземат.

Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.

Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.

И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари.

Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно.

Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас.

Сега градиме поинакви вредности, поинакво, правично и праведно општество кое создава шанса за сите“, напиша Кирацовски на Фејсбук.

За Кирацовски беше објавено дека освен неговиот дедо, вработени се и неговата баба, Мери Поповска во ДУД „Мирка Гинова“ и неговата сестра Марија Јосифовска во Централен регистар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања