„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Кирацовски преку Фб се заблагодари на Заев, соработниците, но и на сопругата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kiracoski

Пратеникот Александар Кирацовски, кој синоќа беше сменет од позицијата генерален секретар на СДСМ, во отвореното писмо со кое се обрати до јавноста и му се заблагодари на премиерот Зоран Заев и на соработниците. Писмото го искористи да и за обрати и на сопругата. Тој и се заблагодари на сопругата Гордана, која останала со него и во најтешките моменти.

— реклама —

Продолжуваме заедно напред!

Независно кој на која позиција и во која улога ќе биде, продолжуваме заедно кон мисијата да обезбедиме подобар живот за сите граѓани!

— реклама —

Во тешки услови и преку долгогодишна борба за правда и демократија, како тим, заедно успеавме да го поразиме режимот, потоа заедно ги премостивме сите предизвици на патот Македонија да ја направиме Европска, а сега со обновени сили продолжуваме да ја градиме нашата држава.

На пресек од двегодишната власт успеавме да направиме многу и за државата и за партијата, но се разбира има уште многу пат за одење.

Синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест, демократска култура, другарство, визија, заемна доверба, во еден ден едногласно можат да се донесат крупни одлуки на кадровски промени.

Таква е мојата, нашата СДСМ!

Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции и кариери, се помали од нашиот интегритет и подготвеноста да се ставиме во функција на повисоките, заеднички цели.

Пораката од граѓаните беше веднаш прифатена уште при нејзина испорака и беше сосема доволна, целото раководство да ја понуди својата оставка, за да, согласно досегашното искуство, нештата ги промениме на подобро. И Партијата и државата, преку прераспоредување, воведувајќи нови концепти на работа.

Му благодарам на претседателот Заев, за укажаната доверба која сите заедно ја оправдавме. Во специфични услови, на огромни, наталожени очекувања, успеавме да испорачаме сериозни општествени и партиски резултати крунисани со победа на претседателските избори.

Им благодарам на сите соработници, со кои соработката продолжува, за преданоста и доследноста, им благодарам и честитам за придонесот на досегашните потпретседатели на СДСМ, членовите на ИО и Организациониот секретар, на заменик-претседателката Шеќеринска за другарството и поддршката.

И благодарам на сопругата и семејството за големата, огромна поддршка и поднесувањето на тешките, неправедни моменти кои доаѓаат од функцијата, која често пати знае да биде неблагодарна.

И, голема благодарност до членовите на СДСМ, кои несебично се вложија во сите партиски активности, кои секојдневно ја градат и зацврстуваат нашата партија која значи многу за нашата Македонија!

Продолжуваме заедно напред, напиша Кирацовски на ФБ.

https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/posts/1140256496173100

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања