ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Кирацовски за Тамара: Ако политичкиот контекст беше поинаков, никој немаше да забележи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Slika-Kiracovski-25-01

Пратеникот Александар Кирацовски се стави во одбрана на пејачката Тамара Тодевска, откако ги откажа концертите по бурните реакции на јавноста за пропуштените стихови при изведувањето на македонската химна на прославата по повод Денот на независноста на САД во американската амбасада во Скопје.

— реклама —

„Големите луѓе не стануваат големи, затоа што читаат биографии за животните подеми и падови на други големи луѓе, туку затоа што лично ги доживуваат, на своја кожа.

Ненамерниот пропуст при изведбата на химната немаше да биде воопшто важен, ако политичкиот контекст беше поинаков и ако одредени политички „хиени“ веднаш не го ставеа во погон.

— реклама —

Иако сум гледал многу истакнати општественици и политичари, мои колеги, како на различни државни настани и церемонии ненамерно го грешат основниот текст на химната, па тоа симпатично го преминуваат, сепак на Тамара мораше „душата да и се извади“.

- Тамара, гази напред и уште долго прави не горди како што тоа пред извесно време на Евровизија, маестрално, го стори! Ти си голем изведувач-пејач, и секако голем човек!

А ние, ние белким научивме нешто од канонадата врз тебе!“, напиша доскорешниот генерален секретар на СДСМ на својот профил на Фејјсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања