„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Кирил Божиновски побара укинување на притворот, вели 17 месеци ги почитувам мерките на претпазливост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
apelacija

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, на денешната јавна седница во Апелацискиот суд побара да му биде укинат притворот за случајот „Титаник“ на СЈО.

— реклама —

Божиновски пред судиите посочи дека нема намера да бега, а како доказ за тоа го посочи тоа што 17 месеци ги почитува мерките на претпазливост определени од судот.

-Се работи за предмет за кој веќе имам определено мерка за претпазливост, одземена патна исправа и потпишување во кривичниот суд секој петок во неделата , мерки кои во јули 2017 беа донесени од Кривичниот совет и без исклучок ги почитувам речиси година и половина, односно полни 17 месеци. Притоа немам отсуствувано на ниту едно од закажаните и одржани судски рочишта. За потсетување, Титаник е еден обемен предмет, со 20-тина обвинети, со речиси 500-тина сведоци, со над 1000 снимки кои произлегуваат од незаконските снимени разговори, смс пораки итн, предмет кој веќе се суди 4 месеци а со согласно реалните проценки ќе трае најмалку година и половона, рече Божиновски.

— реклама —

Екс-генералниот секретар на Влада тврди дека не поседува сметки во странски банки.

-Во однос на наведените сознанија за поседување на наводни сметки во странство, најодговорно тврдам дека ниту некогаш сум поседувал, а ниту сега поседувам било каква банкарска сметка во било која странска држава, а ниту некогаш воопшто сум размислувал за отварање на ваква сметка. Единствената сметка која ја поседувам е редовната сметка во нашата држава, која е добро позната за СЈО. Доколку барем малку беа сериозни ваквите сознанија ќе беше приложен доказ за тоа во која држава поседувам банкарска сметка, во која банка за каков тип на сметка се работи или било што, што би ја поткрепило оваа теза, посочува Божиновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања