Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кирил Пецаков присуствуваше на пригодната свеченост за првооделенците по повод почетокот на новата учебна година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Prv_skolksi_cas_Prlicev_01092022011

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на пригодната свеченост за првооделенците по повод почетокот на новата учебна година, која се одржа во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот рече:

– Драги момчиња и девојчиња, драги наши првачиња, добре дојдовте во царството на буквите и бројките, царството на песничите и цртежите, царството на најубавите приказни и незаборавните игри.

— реклама —

Особено ми е мило што имам можност да ги видам вашите весели очиња, да ја почувствувам радоста на вашиот прв училишен ден и да ви упатам најубави желби за успешен почеток. Неизмерно сум среќен што денес сум тука заедно со вас, во моето училиште, каде што пред 30 години и јас бев прваче како вас.

Верувам дека сте возбудени и сигурно се прашувате што ли ќе се случува на овој ден. Се сеќавам колку трема имав и јас на мојот прв училишен ден, кога за прв пат се сретнав со другите првачиња, со кои во текот на годините што следуваа, делевме клупа, знаење и многу убави моменти, кои засекогаш се паметат. Тука ќе научите да читате и да пишувате, да броите и да сметате, но најважното нешто ќе го научите ќе биде способноста да споделувате, да бидете вешти и посветени.

— реклама —

Училиштето ќе биде вашиот втор дом, место каде ќе ви биде убаво и каде што ќе се чувствувате сигурно, бидејќи вашите учителки ќе се грижат за вас исто како што тоа го прават и вашите родители. Тука ќе ги стекнете вашите први пријатели и ќе ги запознаете вашите први симпатии. Од денес па натаму, секој ден ќе ви биде поубав и поинтересен од претходниот и секој нов ден ќе откривате нови тајни и ќе станувате побогати со знаења.

Бидете мирни, внимателни на часовите и решавајте ги училишните задачи. Само така ќе бидете примерни ученици кои ќе бидат пофалени и наградени со добри оценки. Вашиот училишен успех ќе ви овозможи да остварите високи цели со кои ќе бидете гордост на сите нас.

— реклама —

Почитувани родители и ценети наставници „Најдобар начин да ги направите децата добри е да ги направите среќни“ рекол познатиот светски писател Оскар Вајлд, па токму затоа сакам да ви порачам да бидете трпеливи и секогаш позитивни, бидејќи само со таков пристап ќе може да бидете сигурни дека ќе ги пренесете вистинските пораки за човечност и добро воспитување.

Како локална самоуправа во континуитет вложуваме во училишната инфраструктура и даваме поддршка за остварените успеси, а оваа година на мое големо задоволство за прв пат преку проектот „Нашите првачиња“ обезбедивме скромна помош за овие нови ученици.

Радувајте се првачиња! Бидејќи овој ден е ваш ден, бидете ни секогаш здрави и насмеани и имајте многу многу петки!, истакна градоначалникот Пецаков.

По повод првиот училишен ден, градоначалникот беше гостин и на пригодната свеченост во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, каде што исто така ги поздави присутните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarygpfh31afti265nPFb3R

„Охридски комуналец“ со апел до граѓаните: Не приближувајте се до ископот кај поранешните подземни контејнери

ОО | пред 1 седмица

media-librarye9d0qqtdkbk03Ee2GvW

Пецаков: Да го чуваме споменот на хероите кои се жртвуваа за слободна Македонија

ОО | пред 1 седмица

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Од понеделник „Безбеден град“ се активира и во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања