„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Кирков: Пред три дена угинало младо мајмунче во ЗОО Скопје – бара итен целосен преглед и можeн привремен застој на работата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
57B15D7B-C699-4722-81D5-A3A2DD3815A0_1_105_c

„Уште колку животни треба да угинат за институциите да постапат?“ – со оваа порака советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, објави дека пред три дена во Зоолошката градина во Скопје угинало младо мајмунче од видот гибон, повикувајќи на итна интервенција и целосен преглед на установата.

— реклама —

Кирков оцени дека скопјани ги одбројуваат деновите до крајот на „најлошата и најнеспособна“ локална власт и дека, покрај уништувањето на градот и јавните претпријатија, јавноста денес се соочува со „уште еден голем инцидент“. За ЗОО Скопје рече дека внатре владее „општ хаос“, дека установата е препознатлива како „куќа на стравот“ и дека зад затворени врати се случуваат инциденти кои се обидуваат да се сокријат.

Тој потсети дека пред околу месец и половина угинале три лами поради туберкулоза, а кај уште две е детектирана истата болест, „која може да биде пренослива од животно на животно и од човек на човек“. Според него, тоа било замолчано, но „по допрен глас“ од него и по пријава до Агенцијата за храна и ветеринарство, случајот бил „набрзина“ обелоденет, со опомена за установата и казни за директорот.

— реклама —

Во врска со угинувањето на младото гибонче, Кирков наведе дека, според неговите сознанија, патолошкиот наод повторно укажува на истиот тип туберкулозна инфекција како кај ламите. Оттука, тој праша колку животни починале од оваа „болест и епидемија“ во Зоолошката градина, колку се болни, и дали постои сериозна опасност за посетителите и вработените.

Кирков апелира институциите веднаш да формираат координативно тело и да извршат целосен преглед во ЗОО Скопје, а доколку е потребно – привремено затворање сè додека не се обезбеди дека сите животни се здрави и дека безбедноста на посетителите и вработените е гарантирана.

Како советник во Град Скопје, најави дека ќе иницира свикување вонредна седница на Советот со една точка на дневен ред – ситуацијата со „епидемијата“ во Зоолошката градина и барање одговорност од менаџментот. На таа седница, рече, ќе побара присуство на директорот на установата и на градоначалничката Данела Арсовска како негов претпоставен.

Кирков информираше дека побарал информации од јавен карактер од установата и дека како одговор добил бројка од околу 30 угинати животни за три и пол години, но според неговите информации, таа бројка е двојно повисока. „Сето ова на седница на Советот јавно ќе го обелоденам, детално и прецизно, за јавноста да има увид во сè што се случува во оваа установа,“ додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања