Кирков: Во време на директорот Попов, кадар на Арсовска, угинаа повеќе од 40 животни во Зоолошка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
kirkov

„Скопската Зоолошка градина во последниве три години е место каде што умираат животни во сомнителни околности. Зоолошката во Скопје е веќе позната како куќата на стравот, а досега за тоа никој не понесе одговорност“, вели во соопштението Стефан Кирков, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и додава:

— реклама —

„За време на директорувањето на Зоран Попов, кадар на Данела Арсовска, угинаа повеќе од 40 животни, се случија големи инциденти, а од Попов не видовме и не слушнавме ниту збор, а камоли одговорност.

— реклама —

Последниот од низата немили настани е угинувањето на седум Берберски овци, истите се претпоставува дека се отруени од храна која е дадена на овие животни од страна на вработени во институцијата. Според информациите храната не е дел од таблицата на исхрана која овие животни треба да ја консумираат.

— реклама —

Па оттука, се поставува прашањето зашто е дадена оваа храна на животните и кој тоа го одобрил?

При вонредниот инспекциски надзор од страна на инспекторите на АХВ затекнати се овие мртви животни и веднаш е постапено кон процедура за утврдување на причините на смртта на овие животни при што во тек е обдукцискиот наод. Според нашите сознанија, сосема случајно при овој вонреден инспекциски надзор е пронајдено и уште едно мртво животно за кое се претпоставува дека имало обид истото да биде скриено од инспекторите и од јавноста.

Оттука прашуваме, -Дали е пронајдено мртво животно, поточно мртов мајмун од расата патас? Дали истото веднаш е земено од страна на инспекторите на АХВ и Ветеринарниот факултет за вршење на обдукција? И зошто се молчеше за смртта на овие животни и зашто се крие од јавноста? Скопјани заслужуваат да ја знаат вистината за секое едно животно кое е дел од скопската Зоолошка градина. Како партија и како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Град Скопје бараме директорот Попов веднаш да си поднесе оставка. Ги повикуваме сите надлежни институции меѓу кои МВР, јавното обвинителство, АХВ, Ветеринарниот факултет веднаш да влезат во оваа установа и да постапат според законот. Ниту Попов, ниту Данела Арсовска не смеат да го уништуваат и она малку што остана од скопската Зоолошка градина. Никој не е над законот и нема право да си поигрува со животот на животните во скопската Зоолошка градина“.

KWnxU0Qmy6k

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања