Оваа недела ќе биде пуштен во употреба новиот автопатот Миладиновци-Штип, а во текот на летото ќе започне изградбата на патарините, најави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денеска во Куманово.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов вели дека рампата кај Гевгелија е целосно изградена, а се чека уште зелено светло од надлежните институции за официјално да биде пуштена во употреба. Сепак директорот не открива колку ќе биде цената за наплата.
„Ги работат завршните работи, софтверските работи. Очекувам во првата недела на јуни да биде веќе пуштена, буквално со почетокот на сезоната“, рече Зоран Китанов, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.
Другата патарина која ќе се наоѓа кај Демир Капија, директорот Китанов вели дека ќе биде готова до крајот на годината бидејќи поради појава на свлечиште на теренот било неопходно препроектирање.