Промени тема
Контакт

Китански: Сами се справувавме со последиците од поплавите, потребно е Владата и институциите да помогнат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
9-1-960x540-1

Александар Китански, градоначалник на општина Пехчево во телефонско вклучување во „Утрински брифинг“ на Слободен печат вели дека штетите од поплавите кои го зафатија овој регион се големи, посочувајќи дека има штета на патната инфраструктура, одрони на патот, поткопување на асфалтот кој не е безбеден за движење, како и оштетување на канализационата и водоводна мрежа.

Моментално со ресурси од општината сме на терен да видиме каква е состојбата зошто пред недела време водостојот на реката беше многу голем, а сега е малку намален. Излеговме да ги видиме дополнителните штети кои се настанати од неодамнешните поплавите кои што го зафатија нашиот регион, поширокиот Источен и Југоисточен регион. Значи слободно можам да кажам од терен дека штетите на локацијата Рамна река во изворшиниот дел на река Брегалница се во алармантна ситуација со големи штети на патната инфраструктура, со одрони на патот и поткопување на асфалтот кој не е безбеден за движење, а имаме и големи оштетувања на канализационата и водоводна мрежа, а големи оштетувања имаме и на извидничкото место Бараки, детските игралишта, фудбалските и кошаркарските игралишта, вели Китански.

— реклама —

Според Китански потребно е итно одржување на состанок со засегнатите институции како и мислење од страна на стручните лица како да се превенира и кои мерки да се преземат.

Мислам дека прво треба да одржиме координативен состанок со сите институции, да излеземе на терен, да ги согледаат и да ги видат работите бидејќи тие се стручни лица во таа област, и треба да кажат како да превенираме и кои мерки да се преземат. Додека не се види ситуацијата на терен ние не можеме ништо да зборуваме, нагласи Китански.

— реклама —

На прашањето дали воопшто нема некаква помош од страна на власта и општината, Китански вели дека сега за сега не, но дека е потреба неминовна помош од страна на централната власт.

— реклама —

Сега за сега не, немаме никакви побарувања од нивна страна да не прашат за штетите кои се настанати. Ние секој ден излегуваме на терен затоа што тоа е голем предел, големи делници се, и допрва треба да се утврдуваат штетите. Како што реков треба да се направи план, да се достави до влада, но тоа пак мора да биде во консултација со стручни служби и со нашите институции. Мислам дека оваа ситуација е алармантна и ние сами не можеме да ја решиме. Потребна ни е неминовна помош од државата и државните институции, изјави тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања