Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат моторџии“, рече Тошковски за тие кои лудуваат на едно тркало

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library5s98il4r8u8lbDKzgFE

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги мерки против моторџии кои, како што рече, дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила.

Тој направи разлика меѓу, како што ги нарече, „вистински моторџии“ и оние кои „глумат моторџии“.

— реклама —

„Тие кои се вистински моторџии, тие во град не ги прекршуваат сообраќајните правила. Тие се посветени за почитување на сообраќајни правила особено во град, бидејќи ги знаат последиците кога не ги почитуваат, тие се на две тркала“, рече Тошковски.

Според него, проблем се оние кои возат без кацига, со голема брзина и прават опасни маневри.

„Ова не се однесува на тие кои возат со кацига, со соодветна брзина... А најавувам за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвена, го дигаат на едно тркало, и мислат дека ‘Сејф сити’ не ги детектира, МВР ќе биде фокусирано на нив, особено во градските средини“, кажа министерот.

— реклама —

Тој порача дека ваквите возачи ќе бидат главен таргет на полицијата во наредниот период.

„Слободно можам да кажам дека ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, изјави Тошковски.

— реклама —

Министерот додаде дека ваквите возачи претставуваат сериозен ризик за безбедноста.

„Тие ќе бидат таргет, тие што употребуваат мотори надвор од закон. Затоа што тие се најголем ризик да отепаат некого“, рече Тошковски.

На крајот, тој упати пофалби до моторџиите кои ги почитуваат правилата.

— реклама —

„Не за вистинските моторџии, за нив секоја чест и поздрав“, додаде министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjhiqq4a59kmafBs0uMd

МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

Тошковски изрази сочувство за загинатите во Бугарија и порача: Не треба да чекаме нова трагедија за да ја разбереме вредноста на мерките што можат да спасат човечки животи

Балкан | пред 2 дена

media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

„Безбеден град“ се проширува: Мобилни камери и контроли на црните точки низ Македонија, најави Тошковски

Македонија | пред 3 дена

media-library7q3crr1ro5ff4NPulbW

Тошковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ: Соработката донесе конкретни резултати за македонската полиција

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања