Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ќе ги спакуваат ли Данела и Мерко куферите за брзо: се бара итно менување на закон за да градоначалниците можат да се разрешат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
merko-danela

Се погласни барањата измената на Законот за локална самоуправа да биде приоритет на Собранието, за да градоначалниците да можат да бидат разрешени. Ова доаѓа откако собранискиот спикер Африм Гаши кажа дека меѓу приоритетните законски одлуки ќе биде да нема предвремени избори за градоначалници во општините чии предводници ќе одлучат да влезат во извршната власт. Незадоволството од скопската градоначалничка Данела Арсовска и нејзиното работење, но и од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на црната листа на САД – го донесоа ова барање.

— реклама —

Овозможување да се разреши градоначалник е и едно од ветувањата во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Не се знае кога ваквите законски измени ќе се спроведат, но се знае начинот на кој градоначалник ќе може да биде разрешен.

— реклама —

„Преку поширок политички дијалог ќе предвидиме законски измени со кои ќе се воведе можност Советот на единицата на локалната самоуправа да го отповика градоначалникот. Членовите на Советот ќе имаат можност во јасно утврдена процедура со 2/3 мнозинство да го отпочнат и да го завршат процесот на отповикување на градоначалникот“, стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според сегашниот закон за Локална самоуправа граѓаните немаат никаква законска форма да го отповикаат градоначалникот што го избрале на непосредни избори, доколку не се задоволни од неговата работа.

Гаши смета дека итно треба да се промени законот со кој треба предвремени избори, доколку некој градоначалник, на пример, стане министер. Се споменува дека таква намера има Арбен Таравари, додека градоначалникот на Сарај Блерим Беџети веќе стана пратеник, воедно, се очекува и Тимчо Муцунски од Аеродром да оди во извршната власт.

„Сметам дека е погрешно и спротивно на Уставот некој да се избира на четири години, а друг да ги добива гласовите на народот на избори со мандат од осум месеци. Сметаме дека тоа е противуставно и треба да се коригира со закон кој ќе го овозможи тоа“, кажал Гаши во интервју за РСЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања