Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ќе гласаме за уставни измени само со недвосмислени гаранции од ЕУ, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека неговата партија ќе гласа за уставните измени што се бараат само доколку ЕУ даде гаранции дека ќе се задржи македонскиот идентитет, традиција и култура.

— реклама —

Собранието утре и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени.

— реклама —

„Ќе бараме гаранции од ЕУ кои недвосмислено ќе го потврдат македонскиот идентитет, култура традиција и јазик, бидејќи за жал во протоколот кој го потпиша Бујар Османи има идентитетски интервенционизам. Никогаш бугарските политичари немале проблем со современата дефиниција за македонскиот народ од 1945. Ние дискутираме шти било претходно., Во бугарскиот парламент сега има декларација за илинденското востание.

— реклама —

Ако не сме загрижени дека ќе се смени нашиот идентитет, да го тргнеме билатералниот договор од преговарачката рамка. Ако се отвора темата за промена на Уставот, не смееме да ја испуштиме суштината. Ако нешто давам, истовремено и вие треба да дадете нешто. Барем неколку од тие пресуди во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Како инаку вие мене ќе ме убедите дека имате добра намера и дека го заслужувате тоа што го барате. Имате 14 пресуди за македонската заедница и нула за бугарската заедница во Македонија - не знам кој е тука дискриминиран. Ние бараме одлуки да бидат имплементирани од легални европски институции, не бараме ништо повеќе.

Протоколот и билатералниот договор се опасност во иднина за дополнителен историски интервенционизам и нови вета“, рече меѓу другото Мицкоски.

За парламентарните избори предвидени во 2024, тој не сакаше да каже дали ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со опозициските албански партии, ниту пак категорично да отфрли коалицирање со ДУИ. Рече дека тоа треба да го покаже коалицискиот капацитет по добиените резултати од изборите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања