„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, ветува лидерот на опозицијата во Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mkd-528478

Лидерот на граѓанското Движење „Унгарија на сите“ (МММ) и кандидат на здружената унгарска опозиција за премиер Петер Марки-Зај изјави дека доколку победи на парламентарните избори следната пролет, планира да ги екстрадира во нивните матични држави поранешниот македонски премиер Никола Груевски и јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, кои имаат азил во Унгарија.

Марки-Зај, во објава на Твитер нагласи дека станува збор за „криминални мигранти населени од (партијата) ФИДЕС“ на актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.

— реклама —

– Ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од ФИДЕС. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од ФИДЕС, наведе Марки-Зај во објавата на Твитер.

— реклама —

Груевски доби азил во Унгарија во 2019 година, откако пред три години побегна од земјава по изречената правосилна пресуда за издржување затворска казна.

— реклама —

Здружената унгарска опозиција на прелиминарно гласање организирано минатиот месец го избра 49-годишниот Марки-Зај, кој е градоначалник на Вашархељ, за заеднички кандидат за премиер на Унгарија, кој на парламентарните избори во април следната година ќе му се спротивстави на актуелниот премиер Орбан и неговата конзервативна популистичка партија ФИДЕС.

Според анкетите на јавното мислење, на изборите во април се очекува неизвесна битка меѓу ФИДЕС и коалицијата составена од шест опозициски партии и независни политичари предводена од Марки-Зај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања