„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ќе ја разрешуваат директорката на животна средина, откако се скара со Морачанин и побара вонреден конгрес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
petrovska-zivotna-sredina

Владата ќе ја разреши директорката на државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, дознава Телма.

— реклама —

Разрешувањето е на барање на претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, велат партиски извори.

Претходно, на прашање дали очекува да биде разрешена од функцијата, Петровска одби да коментира и кажа да се почека исходот од владината седница и дали нејзиното разрешување воопшто ќе биде на дневен ред на седницата.

— реклама —

На денешната прес конференција на Петровска, презентирајќи ги резултатите од работата на ДИЖС за првите 6 месеци, таа изјави дека само годинава се покренати 43 прекршочни постапки, изречени се 36 санкции а поднесени се и 2 кривични пријави.

Во првото полугодие од годинава има зголемен број на извршени вонредни надзори – 171 и 740 редовни, тврди Петровска.

Од владата соопштија дека согласно меѓукоалицискиот договор во Владата, позицијата директор на државниот инспекторат за животна средина е во политичка надлежност на партијата ДОМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања