Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ќе поскапи ли дизелот? Две клучни работи ќе ја одредат цената на дизелот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library3q60lle3ri7hcea4HuW
Photo by Rock Staar on Unsplash

Денеска ќе се знае колку ќе чинат горивата во следните седум дена, откако Регулаторната комисија за енергетика ќе ја направи новата пресметка на максималните малопродажни цени.

— реклама —

Во моментов, литар ЕУРОДИЗЕЛ се продава по максимална цена од 104,50 денари, ЕУРОСУПЕР 95 чини 99 денари, а бензинот од 98 октани 101 денар. Овие цени се во сила од 22 септември.

При пресметката се земаат предвид просечните берзански цени на дериватите во изминатите седум дена, курсот на денарот во однос на доларот, премиите, транспортните трошоци, трговската маржа, акцизата и другите давачки, како и ДДВ.

— реклама —

Најголем притисок има кај дизелот, поради растот на цените на светските пазари и нарушувањата во снабдувањето од Блискиот Исток и Русија.

— реклама —

Дополнително, на полноќ истекува владината мерка со која ДДВ за горивата беше намален од 18 на 10 проценти. Засега нема официјална одлука дали намалената стапка ќе биде продолжена.

Доколку сегашната цена на дизелот од 104,50 денари само математички се пресмета со ДДВ од 18 наместо 10 проценти, без промена на останатите ставки, разликата би била повеќе од седум денари за литар. Сепак, тоа не значи дека дизелот автоматски ќе поскапи за толку, бидејќи денеска ќе се пресметаат и берзанските цени и сите останати елементи.

— реклама —

Така, конечната цена ќе зависи од две клучни одлуки – колкав ќе биде седумдневниот просек на цената на дизелот и дали Владата ќе го продолжи намаленото ДДВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Руска нафтена компанија со ограничувања за гориво: На градските пумпи ќе се точат до 30 литри

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Големо поевтинување на горивата: бензините поевтини за 7 денари, а дизелот за 5,5 денари

Македонија | пред 4 дена

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од полноќ поскапуваат горивата: бензинот за два денари, дизелот за еден денар

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Граѓаните во септември најмногу купувале гориво

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања