Промени тема
Контакт

Ќе продолжиме да го стимулираме производството на ориз, вели Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272904816_474298650730643_3126502286152891480_n

Денеска министерот за земјоделство, шумарството и водостопанство Љупчо Николовски заедно со заменик-министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, и претставници од МЗШВ, во Кочани одржаа средба со оризопроизводителите.

На средбата се разговараше за состојбата со производството на ориз, откупот како и предлозите за поддршка на производството на ориз. Министерот Николовски посочи дека навремената и неселективна исплата на субвениците ќе продолжи, почитувајќи го календарот за исплата на субвенциите за мерките од програмите.

— реклама —
— реклама —

„ Ќе продолжиме да го стимулираме производството на ориз Програмата за директни плаќања за 2022 година, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре. Слушајќи ги денешните предлози на оризопроизводителите се изрази потребата за мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе направиме консултации со сите институции за нивна реализација. Целта е заедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот“, рече министерот Николовски.

— реклама —

При тоа министерот посочи дека во периодот од 2017 до 2019 се зголемија субвенциите за оваа култура, се воведуваа дополнителни мерки за предадена оризова арпа во периоди кога имаше проблеми со откупната цена за што по тој основ се исплатени близу 8 милиони евра. За прв пат се воведе мерката за зелена нафта за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта, што за последните три години за 6825 земјоделци корисници на мерката зелена нафта само во Кочани се исплатени околу 300 илјади евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања