Членови на Комитетот за односи меѓу заедниците бараат Комитетот да расправа за предлог измените на Законот за празници откако Владата доставила негативно мислење за измени на тој закон. Пратеникот Рубин Земон денеска писмено побарал од претседателот на Собранието, Талат Џафери парламентот да не расправа за таа точка иако законот е ставен на дневен ред на пленарната седница закажана за 9 јули.
Инаку Плусинфо неодамна објави дека ќе се воведат десет нови празници за заедниците кои во Преамбулата на Уставот се наведени како „други“. Свој ден за славење ќе добијат Словенците, Унгарците, Полјаците, Балканските Еѓипќани, Хрватите, Црногорците, Ерменците, Бугарите, Грците и Русите кои живеат во Македонија.
Засега е неизвесно дали претседателот на Комитетот ќе свика седница и дали Џафери ќе ја одложи расправата за законот додека за него не се изјасни Комитетот.