„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Ќе се подготвува празнувањето, ќе бидат затворени неколку централни улици во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
ulica-koli-ramstor-soobrakaj

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје утре 07.09.2021 (вторник), почнувајќи од 11,00 затворени за сообраќај ќе бидат:

— реклама —

-ул."11-ти Октомври" и ул. "Димитрие Чупоски" во правец на движење од ул."Васил Главинов" до ул."Филип Втори Македонски" додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15,00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

- Од 23 часот на 07.09.2021 до 11,00 часот на 08.09.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул."Даме Груев" на потегот од крстосницата со ул."Македонија" до крстосницата со ул."11-ти Октомври" и ул."Филип Втори" на потег од Кеј “13-ти Ноември" до ул."11-ти Октомври" и ул."11-ти Октомври" на потегот од бул. "Кочо Рацин "до ул. "Даме Груев".

— реклама —

Согласно наведеното Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања