ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

Ќе се приватизира дел од Езерото Младост?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
mladost

Во понеделник ( 31 јануари) ја закажавте 8-мата седница на Совет. Од многуте важни точки на дневен ред, за мене лично, суштинска е онаа со која вашето мнозинство предвидува оттуѓување( продажба или приватизација) на дел на Езерото Младост кој се наоѓа над самиот асфалтен пат. Се работи за супер атрактивен општински имот кој ќе го купат луѓе кои имаат многу пари. Класика. Приказна која ја читаме и ја живееме како реалност во последните 30 години, вели Советникот од Левица во Општина Велес, Игор Смилев.

— реклама —

„И тука не гледам проблем. Идеологијата на светото тројство ДПМНЕ/ДУИ/СДС е таа. Поданици на Парите, бизнисот и , профитот. Ќе си го продадете општинскиот имот за грст златници.

— реклама —

Ок е тоа. Не се менува карактер и начин на владеење. Капа долу за истрајноста на вашиот карактер и опстојот на вашата идеологија.

— реклама —

Знам, од продадените плацеви на езеро, Општината ќе прибира данок и од него ќе бидеме побогати , попросперитетни, почисти, помалку загадени, попошумени, посигурни, еколошки напредни и.т.н..

Знам, јас сум тој лошиот кој не сака нов данок да се слева во општинската каса. Јас сум тој проклет реакционер кој не препознава авангарда , туку залутал во ретровизорот на својот живот и во оковите на утопизмот. Јас сум урбанистички лаик кој не разбира носење редовна програма за урбанистичко планирање на која ете и дошол денот да се реализира со ненадејна заинтересираност за продажба.

А да, јас сум од Левица, а тие ОД ЛЕВИЦА нели знаат само да мрчат, да критикуваат, да навредуваат. Некултурни, непрокопсани, невоспитани едни.

И да, веројатно сте во право. Такви сме. Ама, карактер јбг. Како вашиот, така и нашиот карактер не се менува.

И да, не грижете се, ќе си го изгласате во понеделник сето ова. Заедно со тврдокорните вмровци од ДУИ.

Седницата секако нема да оди во живо, ќе биде on line, оти нели корона владее, па на раат ќе си го одработите она кое се бара од вас со совршено алиби.

А после репризирајте си ја седницата колку сакате. И онака резилот и глупоста заслужуваат да се видат повеќепати.

И онака сме навикнати на репризи - Бабуна, Водно, Езеро Младост, Шар Планина, Бреза, Огражден, Беласица, Кожуф........

Башка, не заборавајте, огромен број луѓе и еден куп фирми после големиот пожар даваа пари за пошумување на езерото, а не за градење. Е, ама нивните пари не носат данок за градот.

Ах да, за малку ќе заборавев зошто ВИ се обратив вам.

Сетете се драги мои кога за време на предизборната кампања ( октомври 2021) вие двајца стоевте на брегот на езерото Младост. Гледавте кон другата( поурбана страна) на езерото. Со гнев и жал констатиравте пред четворица сведоци( ако ни дозволите и ќе ги повикаме на седница) дека никогаш повеќе нема да дозволите понатамошно урбано уништување на езерото. Едноставно, се згрозивте од глетката наспроти вас.

Три месеци после тоа( 31 јануари) ве згрозува,или ве зачудува ставот на Левица за референдум по ова прашање.

Нашите универзуми се сурово различни. Со различни очи гледаме на светот. Се ќе помине, другари мои.

И убавото и грдото. И она што го сакаме, и она што не го сакаме.

На крајот Ве поздравувам со еден прекрасен стих од Руми :

„Нека вашата добрина биде како дождот,

на кому е сеедно врз кого ќе падне„

Ако веќе грешите, барем останете добри“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања