Ќе се реконстуркуира планинарскиот дом „Копанки“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

На иницијатива на Градоначалникот Тони Коњановски и Претседателката на советот Габриела Илиевска, во соработка со членовите на ПСК Пелистер денес се одржа работна средба и дружење на Копанки. На средбата која беше отворена и за сите заинтересирани граѓани на Битола, беа потенцирани идните планови на општината кои се однесуваат на обнова на Планинарскиот дом „Копанки“.

— реклама —

„После повеќе состаноци со вљубениците во планината и планинарските спортови, првпат после 9 години, како претставници на локалната самоуправа се наоѓаме пред култниот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер, со верба дека наскоро ќе се исполни долгогодишната желба на битолчани: „Копанки“ да биде место за чаенки на нашите сограѓани, но и атракција за гостите на Пелистер.

— реклама —

За разлика од претходно, кога „Копанки“ беше само нечие предизборно ветување, денес сме тука, на чај, да разговараме за моменталната ситуација и понатамошните чекори, но и да се соочиме со празнината која за жал во моментот го обзема ова место.

— реклама —

Со уважувањето на жалбата на Здружението планинарски спортски клуб „Пелистер“ од страна на Вишиот управен суд, поништени се решенијата кои во изминатиот период беа донесени од Општина Битола и Министерството за транспорт и врски, со кои беше оневозможено обновувањето на планинарскиот дом „Копанки“.

Со тоа, оваа постапка е завршена, а согласно законската регулатива, локалната самоуправа ќе даде поддршка за обнова на објектот, кој е еден од симболите на Битола, изграден во далечната 1938 година. Место кое со децении било спој на различни генерации, создавало спомени, а нудело и големи можности за развој на зимските спортови.

Ова што денес го гледаме, до оваа фаза до која е донесен објектот, е одраз на силна љубов и ентузијазам, прво, на едно од најстарите планинарски друштва во Битола, а потоа и на голем број граѓани.

Затоа, нашата работа е насочена токму кон слушање на барањата на граѓаните и поддршка во нивната реализација. Токму од таа причина, денес сме тука. Заедно да придонесеме за реализација на програмската заложба со која се обврзавме да создадеме услови за модерен и атрактивен локален туризам, а Битола со Пелистер, со своите културно историски знаменитости, но и со збогатување на понудата да прерасне во препознатлива точка на туристичката мапа во државата, на Балканот, во Европа, па и во светот“, изјави Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, при денешната посета на Копанки.

На средбата на „Копанки“, на која присуствуваа и советниците од Советот на Општина Битола, јавноста беше информирана, дека со преземањето на иницијалните чекори, на радост на сите битолчани, започнува реализацијата на проектот за „Копанки“.

„Копанки е на сите и ќе биде за сите нас. Она што неодамна го ветивме, од денес започнува да се реализира. Денес сме тука за да најавиме дека Копанки ќе се реконструира во првата година од формирањето на советот, односно во буџетот на Општина Битола за 2022 година се предвидени средства за обновување на Планинарскиот дом Копанки.

Проектот кој беше само во програмата на Поинаку и за кое решавање се залагавме во Советот, од денес, станува реалност“, изјави Иван Чулаковски, советник во Советот на Општина Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања