Ќе се реновира Ургентиот хируршки центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
urgenten-centar

Од ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) информираат дека во тек на овој викенд почнуваат активности за реновирање на Ургентиот хируршки центар и овие зафати ќе се реализираат во траење од еден, најдоцна до два месеца.

— реклама —

Од Ургентниот центар информираат дека ќе функционираат непречено со дежурни тимови во текот на целото деноноќие, но со помал обем и пациентите кај кои е неопходна итна здравствена услуга ќе бидат соодветно згрижени.

— реклама —

Во овој период на реновирање, пациентите со итна патологија ќе се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, што времено ќе се преадаптира во Ургентен центар.

— реклама —

„Согласно планот, во случај на зголемен број пациенти за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар, предвидено е сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница 8-ми Септември, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Во меѓувреме, во кругот на Ургентен центар се преземаат активности за соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патека на движење за возилата на ИМП до главниот влез на хируршките клиники од страната на УК за стоматологија.

Исто така, со цел обезбедување соодветен транспорт, обезбедено е посебно болничко транспортно возило, кое ќе биде достапно за пациентите на хируршките клиники, по потреба за транспорт до останатите клиники, најчесто до Институт за радиологија (лоцирано на влезот од страната на УК за стоматологија)“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

urgenten-centar

Дете најверојатно ќе остане инвалид: вчера на Ургентен примени и девет пациенти од сообраќајки

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања