Ќе се шири Пандорината кутија: Касами барал бришење на “македонски народ и државјанство”, Заев размислува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-kasami

Претседатеот на Беса, Билал Касами на вчерашната средба со премиерот Зоран Заев неофицијално побарал бришење на зборот „македонски народ“ од преамбулата и „македонско“ од државјанството (да остане само граѓанин на Северна Македонија), а втор официјален јазик на цела територија на Македонија биде албански.

— реклама —

Овие се барања и од претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села  и истите од двете опозициски албански партии не се нови. Претходно, кога Касами и Села излегоа во јавност со овие барања, премиерот Заев велеше дека нема да дозволи да се шири Пандорината кутија, со тоа, тврдеше дека нема други промени во Уставот освен оние кои се наложуваат со Договорот од Преспа. Касами на пресс-конференција пред неколку месеци, рече дека барањата не се уцена за да гласаат за Устсавни промени, туку реални барања за правата на Албанците.

Инаку Премиерот Зоран Заев вчера оствари средба со, Касами, за да бара поддршка за уставните измени.

— реклама —

По средбата од Владата немаше многу детали освен дека ќе се одржи уште еден состанок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања