Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.
„За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“, објави МВР.
Дванаесет часа семејството Ѓорчевски трага по Вања. Зорица, мајка на исчезнатото девојче, за „Скопје1“ посочува дека до сега, немаат никаква информација. Раскажа и како започнала голготата.
Нема траг од Вања, мајката сведочи: Излезе весела, не веруваме дека избегала, немаме нарушени односи
Дванаесет часа семејството Ѓорчевски трага по Вања, за која нејзината мајка акламираше дека е исчезната и јавно побара помош. Истовремено, проверки врши и полицијата, испитани се и повеќе лица кои имале контакт со девојчето. Зорица, мајка на исчезнатото девојче, за „Скопје1“ посочува дека до сега, немаат никаква информација. Раскажа и како започнала голготата.„Таа во 7:20 минути излезе за на училиште. Наставничката ми реагираше дека ја нема на прв час, на класен час. Класната реагираше одма биде
Скопје | пред 2 години