„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нема траг од Вања, мајката сведочи: Излезе весела, не веруваме дека избегала, немаме нарушени односи

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2023-11-27-at-19.43.51

Дванаесет часа семејството Ѓорчевски трага по Вања, за која нејзината мајка акламираше дека е исчезната и јавно побара помош. Истовремено, проверки врши и полицијата, испитани се и повеќе лица кои имале контакт со девојчето. Зорица, мајка на исчезнатото девојче, за „Скопје1“ посочува дека до сега, немаат никаква информација. Раскажа и како започнала голготата.

— реклама —

„Таа во 7:20 минути излезе за на училиште. Наставничката ми реагираше дека ја нема на прв час, на класен час. Класната реагираше одма бидејќи бара во случај некое дете да не дојде, да ја информираме. Класната изреагира во 7:40 минути дека Вања не е на прв час“, вели мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.

Таа појаснува дека Вања немала нарушени односи со семејството, како со мајката, така и со таткото. Во моментот кога „Скопје1“ контактираше со мајката на исчезнатото девојче, родителите беа заедно во исчекување на било каква информација која ќе помогне да се најде детето.

— реклама —

„Разведени сме, но немаме нарушени односи. Еве, секој ден е тука, има клуч од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени односи. Тука е, еве го, со мене е“, вели мајката.

Прашана дали има нови информации поврзани со Вања, посочува дека и таа е во исчекување. Тврди дека нејзината ќерка не е девојче која би избегала со некого.

„Нема ништо, се уште нема ништо. Не знам во што да се сомневам. Имаше две-три другарки, сите се испрашани. Не веруваме дека избегала со некого, не е таков тип на девојче. Првпат се случува ова. Весела излезе сабајле да оди во училиште“, вели мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.

За исчезнувањето на девојчето, алармираше мајката уште утринава. Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути, а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања