Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ќе се укине ли зонското паркирање во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
parking

На последната седница на Советот на Општина Аеродром имаше советнички прашања, каде советниците на Левица поставија прашања во врска со зонското паркирање и плановите на градоначалникот во врска со проблемот со паркирање.

„Советничката група на Левица е против комерцијализација на паркинг просторот и сметаме дека најдобро решение за недостигот на паркинг места поради нехуманото и непланско градење во Аеродром изминатите години е изградба на нови монтажни паркинзи каде е тоа најпотребно. Со зголемување на паркинг просторот преку изградба на нови паркинзи зонското паркирање не би било потребно.

— реклама —

Советничката група на Левица исто така бара додека се изградат дополнителни паркинг места паркингот да биде слободен и бесплатен за сите жители на општината, а не само за жителите кои имаат резиденцијално зонско паркирање со што се врши дискриминација на жителите кои немаат зонско.

— реклама —

Во иднина кога би се изградиле доволно паркинг места паркингот треба да биде бесплатен за сите жители и посетители на Општина Аеродром, тоест да се укине зонското паркирање во целост.

— реклама —

Советничката група на Левица одблизу ќе го следи решавањето на проблемот со паркингот во општината и ќе ги известува граѓаните за динамиката на негова реализација како жителите би добиле реални решенија на проблемот, наместо дневен пиар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања