Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ќе се урива стар мост за да помине јахтата на Безос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
29102017155418_web_401089-dzhef-bezos-tret-najbogat-chovek-na-svetot-bafet-ima-pomalku

Властите во Ротердам потврдија дека ќе го демонтираат стариот мост кој е симбол на градот, за да може суперјахтата која се прави за основачот на Амазон Џеф Безос да стигне до морето.

Луксузната јахта, ја гради холандската компанија Oceanco, а јахтата ќе биде долга 127 метри и очигледно превисока за да може да помине под мостот Конингсхавен.

Портпаролот на градоначалникот потврди дека планира да го демонтира мостот.

Надлежните го сметаат овој потег за контроверзен, со оглед на тоа што мостот е симбол на градот и национален споменик. Мостот беше реновиран помеѓу 2014 и 2017 година, а официјалните лица тогаш изјавија дека нема да може повторно да се демонтира.

— реклама —

Агенцијата АФП цитираше соопштение од кабинетот на градоначалникот, во кое се наведува дека работата создадена со изградбата на бродот го поттикнала планот и ветила дека мостот ќе биде реновиран во сегашната форма.

– Тоа е единствениот пат до морето – додаде портпаролот на градоначалникот.

— реклама —

Тој став го повтори и лидерот на проектот за локална самоуправа во Ротердам, Марсел Валравенс, кој рече дека не би било практично да се заврши изградбата на јахтата на друго место.

Тој рече дека овој проект е многу важен за економијата и за имиџот на Ротердам, кој е познат како поморска престолнина на Европа.

— реклама —

Мостот најверојатно ќе биде демонтиран во текот на летото, а се очекува за неколку недели да биде вратен во првобитната состојба.

Јахтата позната како Y721 ќе биде најголема во светот, а ќе има хелиодром и помошна јахта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања