Ќе се враќа сјајот и функционалноста на централната Пошта во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Photo-4

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.

— реклама —

На средбата покрај инфорациите за тековната соработка помеѓу Владата и Делегацијата на ЕУ, се разговараше и за заштитата на културното наследство во Македонија.

— реклама —

Во овој сегмент, се отвори прашањето за реставрација на објектот на централната зграда на Македонска пошта во центарот на Скопје како објект од културно и архитектонско значење.

— реклама —

На средбата присуствуваа и претставници од Министерството за културa за што во наредниот период ќе се направат обиди со поддршка од ЕУ да се изврши реконстуркција и да се заштити овој објект со културна вредност за државата и истиот повторно да се стави во функција.

“Негрижата за културното наследство доведе до овој степен да објектите кои ни се од културолошка и архитектонска важност да останат незаштитени. Тоа нема да го толерираме. Денешната средба со евроамбасадорот Гир беше токму во таа насока, оштетениот објект на централната зграда на Пошта да го реставрираме и да го заштитиме како објект кој има културна вредност во историјата на Македонија. Тоа нема да е ниту лесен потфат ниту евтин проект. Напротив, ќе треба да се вложи многу енергија, време и пред се стручно знаење како и сериозни средства. Но централниот објект на Пошта е од огромно историско и културно значење за Македонија како еден од најзначајните објекти од времето на брутализмот и мора да биде заштитен во својата основна форма и ставен во функција” - истакна по средбата заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

posta.jpg

СДСМ: Додека работниците немаат за леб се делат милионски тендери во Пошта.

Македонија | пред 1 седмица

posta

Вработените во Македонска пошта на улица: бараат итна исплата на платите

Македонија | пред 1 седмица

mobilen-telefon

Лажна порака од „Пошта“ му ја испразнила сметката на гостиварец

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysn9sf0eg07e9a9gID1r

АКТ објави писмо од свиркач за тендерот од 1,2 милиони евра од Пошта

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања