Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ќе следуваат и други антикризни мерки за помош на граѓаните и стопанството, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Со одоговорни и навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните со најмало поскапување на струјата од 9,48 проценти, вели СДСМ.

Ширум светот расте цената на струјата поради глобалната енергетска криза, во Италија на пример цената на струјата е поскапена за 55 отсто, во Турција за 50 проценти.

— реклама —

Актвирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја кај нас значително придонесе да имаме вака минимално поскапување.

Иако опозицијата најавуваше поскапување и до 40% со што ја покажа својата неспособност.

— реклама —

За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања во Буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите семејства.

Со 60 милиони денари финансиска помош 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари субвенционирање на сметките за електрична енергија.

Македонската економија е стабилна и ликвидна и има капацитет да се справи со сите предизвици што ги носи енергетската и здравствената криза.

— реклама —

Бројките кажуваат дека во 2021 година има добри економски показатели.

Растот на економијата е над 4%, приходите се зголемени што докажува дека економските мерки коишто ги реализираше Владата предводена од СДСМ дадоа резултат.

— реклама —

Во буџетот веќе има слободни 130 милиони евра, во наредниот период ќе следуваат и други антикризни мерки за помош и на граѓаните и на стопанството.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство коишто ги предводи ќе продолжи со носење и реализирање мерки и политики кои се со цел ублажувње на последиците од кризата, а воедно и го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања