Промени тема
Контакт

Ќерката на Гоце Тодоровски со емотивна порака: „Срцето не издржа, летај со ангелите, тато“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-library6kakio2cjrh81UDtmeE

По смртта на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, неговата ќерка Сашенка преку објава на Фејсбук се прости од својот татко со емотивни зборови, откривајќи дел од неговата последна животна битка.

„Го изгубивме… По голема борба го напушти овој свет. Срцето не издржа, престана да чука. Лекарите направија сѐ што можеа, но не успеаја да го спасат. Имаше огромна желба за живот“, напиша таа.

— реклама —

Во својата порака Сашенка му оддаде последна почит на својот татко, истакнувајќи дека неговото заминување претставува непреболна загуба за семејството.

„Лесна ти земја, татко мој. Вечен непребол. Душата не умира, а телото беше премногу истрошено. Летај со ангелите“, напиша таа.

— реклама —

Во објавата се присети и на блискиот пријател и кум на актерот, Ванчо, наведувајќи дека по неговата смрт дел од Гоце Тодоровски засекогаш исчезнал.

— реклама —

Гоце Тодоровски почина на 75-годишна возраст, оставајќи зад себе богато актерско наследство и бројни незаборавни улоги кои ќе останат трајно врежани во македонската култура.

media-library5mvjcofq354d5AiKBce

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryntpg0pfh397teS8YNCy

„Од некои дамнешни времиња...“ – Груевски се прости од Гоце Тодоровски со стара фотографија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryb1kfc5k5diom2txp6S4

„Гоце Тодоровски беше дел од идентитетот на театарот“, Драмски театар со емотивна порака се прости од македонската легенда

Македонија | пред 4 седмици

media-library1n1bv9hm9jccfnfCyZl

Орце Ѓорѓиевски се прости од Гоце Тодоровски: Почивај во мир, легендо

Македонија | пред 4 седмици

media-library6eid178fnqptfhjmAzu

(Видео) Во спомен на Гоце Тодоровски: Незаборавниот актер што остави вечна трага

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања