Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Орце Ѓорѓиевски се прости од Гоце Тодоровски: Почивај во мир, легендо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library1n1bv9hm9jccfnfCyZl

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, истакнувајќи дека Македонија загубила голем уметник, но дека неговото дело ќе живее засекогаш.

„Почивај во мир, легендо… Не постојат вистински зборови за простување од човек кој остави толку многу убавина, спомени и човечка топлина зад себе“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека со Тодоровски споделувал многу средби, разговори и заеднички моменти, кои, како што наведува, засекогаш ќе ги носи во своето сеќавање.

— реклама —

Во објавата нагласи дека Гоце Тодоровски бил дел од детството и животите на многу генерации, а со своите бројни улоги оставил неизбришлива трага во македонската култура.

„Целиот свој живот ѝ го посвети на уметноста, оставајќи зад себе богатство кое нема цена. Секоја негова улога, секој негов збор и секоја емоција на сцената остануваат како траен печат во македонската култура. Денес замина човекот, но легендата останува“, истакна Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој му се заблагодари за добрината, човечноста и придонесот кон македонската уметност, додавајќи дека луѓето како Гоце Тодоровски никогаш вистински не заминуваат, туку продолжуваат да живеат преку своите дела и во сеќавањата на оние што ги сакале.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb1kfc5k5diom2txp6S4

„Гоце Тодоровски беше дел од идентитетот на театарот“, Драмски театар со емотивна порака се прости од македонската легенда

Македонија | пред 2 часа

media-library6kakio2cjrh81UDtmeE

Ќерката на Гоце Тодоровски со емотивна порака: „Срцето не издржа, летај со ангелите, тато“

Македонија | пред 3 часа

media-library6eid178fnqptfhjmAzu

(Видео) Во спомен на Гоце Тодоровски: Незаборавниот актер што остави вечна трага

Македонија | пред 3 часа

media-library138onfv8hif20F56FCQ

Почина легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања