Промени тема
Контакт

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library861rc3n2mjnkdqNlePU

Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со западнонилската треска во земјава. Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и предлага соодветни мерки и препораки.

На иницијатива на министерот Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на Град Скопје, како и градоначалникот на една од засегнатите општини. Целта е да се обезбеди навремено, усогласено и ефикасно постапување на сите надлежни институции.

Ги ставаме на располагање сите институционални капацитети и воспоставуваме засилена меѓуинституционална координација. Состојбата се следи секојдневно, а мерките ќе се приспособуваат во согласност со епидемиолошките показатели. Наш приоритет е навремено откривање на случаите, соодветен третман на пациентите и максимална заштита на здравјето на граѓаните – истакна министерот Клековски.

Во однос на актуелната епидемиолошка состојба, во моментов се регистрирани 35 потврдени и три суспектни случаи, кои се во процес на дијагностицирање. Најголем дел од пациентите се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Досега се регистрирани три смртни случаи, додека 15 пациенти се излекувани и отпуштени од Клиниката.

— реклама —

Дијагностичките капацитети се максимално зајакнати, а дневно се вршат од четири до осум анализи.

— реклама —

Министерот Клековски упати апел до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита. Граѓаните во зафатените подрачја ќе добијат СМС-пораки со препораки и конкретни мерки за заштита.

Плановите за прскање против комарци во општините се спроведуваат, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат дополнително ќе изврши вонредни контроли. Во зафатените подрачја ќе биде спроведена и вонредна контрола на живината. Апелираме на максимална претпазливост, имајќи предвид дека, историски гледано, август и септември се месеци во кои ваквите епидемии го достигнуваат својот врв – додаде министерот.

— реклама —

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана, информираше дека на Клиниката досега кај вкупно 34 пациенти лабораториски е потврдена западнонилска треска, од кои 15 се успешно излекувани.

Министерството за здравство останува во постојана координација со сите надлежни институции и ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата на терен. Во зависност од нејзиниот развој, навремено ќе бидат преземани дополнителни мерки, а јавноста редовно и транспарентно ќе биде информирана за сите релевантни податоци и препораки за заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

klinikimajka-tereza

Уште една жртва на Западнонилска треска, бројот на починати се искачи на девет

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

65 случаи на западнонилска треска во Македонија, најмногу во Драчево

Македонија | пред 5 дена

media-library4a5224hjs07a6U0X8cZ

Нови случаи на западнонилска треска во Франција: Првпат во овој регион

Свет | пред 1 седмица

ucenici

Учениците не се ризична група за западнонилска треска

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања