Промени тема
Контакт

Клековски: Првичните чекори на ВМРО-ДПМНЕ се за демократизација на земјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
klekovski15022022

Во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат М Телевизија, гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски каде во однос на залагањето на ВМРО-ДПМНЕ за една изборна единица тој истакна дека првичните чекори на ВМРО-ДПМНЕ се за демократизација на земјата и потребата од промена на политичкиот систем.

„Првичните чекори се во насока на демократизацијата на земјата. Потребна е промена на политичкиот систем бидејќи ние имаме целосно окупиран политички простор од мали елити на малку политички партии“, посочи Клековски.

— реклама —

Тој додаде дека првиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ е промена на изборниот законик. За него тоа би значело суштинско проширување на легитимитетот бидејќи ние во моментов имаме малкумина легитимни политичари.

— реклама —

Според Клековски клучниот период сега ќе биде внатрепартиската политика како ќе се менува и како ќе се менува политичкиот систем. Бидејќи ваквиот систем до сега покажа дека нè води кон конфликт.

— реклама —

Долгорочниот интерес на државата и општеството е зголемена легитимност на Собранието, заклучи Клековски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања