Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Клекoвски: Силјановска Давкова во моментот е најдобриот можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Мојата оцена е дека Гордана Силјановска Давкова во моментот е најдобриот можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и секако многу подобар она што ривалите го нудат на овие избори, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во Радио Лидер.

Клековски во текот на своето гостување се осврна и претходната како и на сегашната кандидатура на Силјановска Давкова и објасни што е она што ја прави нејзе подобар кандидат.

— реклама —

Она што мислам дека прави голема разлика од минатата кандидатура и сегашната е четиригодишниот мандат на Силјановска во Собранието, затоа што тоа е секојдневна работа, сте вклучени во законодавниот дом каде што се носат законите, каде што се дискутира за политиките, каде што ги запознавате луѓето. Исто така плус сте и во некоја комисија за односи со некое друго собрание-имате комитети заеднички со Шведска и додавате едно портфолио на лични комуникации, кажа тој и додаде:

— реклама —

Она што за мене е неприкосновено и пред 5 години и сега е дека Гордана Силјановска Давкова е подобра од она што ќе биде понудено или веќе е понудено од другата страна и како интелект и како интегритет.

Клековски укажа дека говорот на Силјановска Давкова на конвенцијата бил говор кој долго време се нема слушнато од кандидат за оваа функција.

— реклама —

Сите го слушнавме говорот на Силјановска Давкова на конвенцијата и јас мислам дека јас долго од кандидат за таа функција немам слушнато толку содржајно обраќање. Таа толку добро го владее уставот и проблемите што произлегуваат од уставот, истакна Клековски.

— реклама —

На крај Клековски потенцираше дека тој е сигурен дека Силјановска Давкова нема да кажува и употребува лаги како Пендаровски.

Јас сум сигурен дека Гордана Силјановска Давкова нема да лаже како Стево Пендаровски. Еве последната изјава на Пендаровски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги впиши Македонците во бугарскиот устав он ќе станел член на ВМРО-ДПМНЕ. Јас одговорно тврдам дека и можеме да пребараме во архивите дека нема никаде изјава и став на ВМРО-ДПМНЕ дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да ги впиши Македонците во бугарскиот устав. Барање на ВМРО-ДПМНЕ е да Бугарија покаже минимум политичка волја и да дозволи слободно организирање на организациите на Македонците од Бугарија, согласно меѓународни договори, значи не бараме ништо нереално и невозможно, порача Клековски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања