Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Клиничката болница во Тетово ќе се реконструира со инвестиција од 74 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари, односно околу 74 милиони евра, соопшти министерот за здравство Азир Алиу.

— реклама —

Според него, станува збор за проект кој има цел трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион, преку примена на најдобри меѓународни практики и комбинирање на државни средства со финансии од меѓународни институции.

— реклама —

Проектот предвидува целосна реконструкција и модернизација на постојните објекти, набавка на современа медицинска опрема, како и функционално поврзување на болничките капацитети со топли коридори за побезбедно движење на пациентите и персоналот.

Дополнително, планирана е изградба на две нови современи згради, со што болницата ќе се трансформира во интегриран здравствен систем подготвен за идните потреби.

— реклама —

Министерот истакна дека проектот има и образовна компонента, бидејќи во соработка со Универзитетот во Тетово ќе се овозможат подобри услови за обука на студентите по медицина и развој на здравствениот кадар.

Тој нагласи дека целта е создавање современа здравствена установа што ќе обезбедува навремени и квалитетни услуги за граѓаните од регионот, како и подигнување на стандардите во здравствениот систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6vnneot6mh86coVxxZc

(Видео) По снимките што се шират на „Тикток“ од Тетово, полицијата објасни што се случило

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryru33gus5snuq208c5cg

19-годишник од Тетово загина во Италија, паднал од покрив висок околу седум метри

Македонија | пред 2 седмици

media-library4u7af63gvrsddhJNmNW

Нови детали за превртениот автобус во тетовско: Немало патници, несреќата се случила пред да ги земе

Македонија | пред 4 седмици

media-librarygdfsnbhkf4l6eGlIE4b

(Видео) Автобус излетал од патот во близина на Стенче

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања