Клучна недела за евентуалните предвремени избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
49946856_1984427608320840_1346930271198380032_n

До крајот на оваа недела би требало да биде појасно: дали оваа пролет, заедно со претседателските, ќе имаме и предвремени парламентарни избори. Можен термин е 5 мај, денот кога се планира одржување на вториот круг од претседателските избори. Одлуката треба да ја донесат владеачките партии и да и одговорат на ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно посочува дека избори на нов собраниски состав – мора да има. Во наредните денови, прашањето ќе биде разгледано во партиските органи на СДСМ, пишува Телма ТВ.

— реклама —

Во владеачката СДСМ мислењата се поделени. Дел од раководните лица се согласуваат со меѓународните пријатели дека не е време за нови избори, туку за прикажување резултати од реформите во безбедносната, правосудната и економската сфера. Другиот дел објаснуваат дека реформскиот застој со кампањата за претседател треба да се прошири и да се искористи за добивање постабилно парламентарно мнозинство. Во ВМРО-ДПМНЕ  исто така се уверени во својот добар рејтинг, па прифаќаат задолжителната Пржинска Влада да има мандат од 50 или 60 наместо 100 дена. Доколку партиите се договорат, предвремените избори би требало да се распишат во првата половина на март.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања