ВО ЖИВО

Претрес на Јовановски: Kако им пресудија на 27 април, проституцијата во затвор, УЧК во 2001, МВР

„Книгите не лечат ковид“, се бара онлајн настава или пак ќе следува бојкот ако се отворат училиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
IMG_4387

Учениците за два дена треба да стартуваат на училиште, а се повеќе родители бараат да се одложи почетокот на полугодието или да се почне со онлајн настава. Најголем дел од нив сметаат дека короната може да направи хаос низ училниците, бидејќи омикрон сојот брзо се шири. Владата, до сега остана на истиот став, почеток од февруари со физичко присуство.

— реклама —

„Децата за два дена стартуват на училиште,но бројките не се сјајни секој ден се над 1800 и над 20 починати има,мое мислење е да преземеме нешто да не седиме така само да се буниме во групава. Државата треба да го слушни гласот на народот мора да штрајкуваме/бојкотираме“, пишува родителка во групата „Поддршка за онлајн настава“.

— реклама —

Коментари и барања има и од ученици, кои сметаат дека нема да бидат безбедни ако утре влезат во училишните простории.

— реклама —

„Вака сеа јас сум 16 години а некој од мој клас се заразени, а ние дома ја прележавме корона и незнам зошто ќе одиме на училиште, за пак пак ли да се заболам од корона? Ама овој пат многу полошо ке завршам. Јас мислам најдобро е две недели да одиме онлајн, а ако продолжи да расте бројот на заразени деца (малолетници) да одиме и понатаму со онлајн настава. Стварно незнам што ке одлучи Владата ама ние како луѓе можеме да превземеме нешто“, пишува ученикот.

Реакции има и од други членови.

„Книгите не лечат ковид, министрите не одат по болници со децата, УНИЦЕФ не е доктор за да дели совети, а времето не ни се враќа! Е па кои се тие да кажуваат на ТВ што е најдобро и да гарантираат? Нема повратен мејл од Владата за барањето онлајн настава, што значи дека не го ни отвориле, а камо ли прочитале. Така ли се заштитуваат или почитуваат граѓаните?“, пишува во уште една реакција.

Владата кажа училиштата да се отворат од утре. Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство. Претходно министерот за образование и наука Јетон Шаќири изјави дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања