Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива реагираат на изјавата на Претседателот поврзана со случајот “27април“, еве што велат…

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sela-gasi

Неприфатлива е тенденцијата на претседателот за директно вмешување во судството, толку повеќе што еден случај би требало да претставува предизвик за правниот систем во земјава и лекција за иднината. Неприфатливо е, претседател на една држава членка на НАТО, како пример да го зема југословенскиот правен систем. Последните изјави и ставови на Претседателот Стево Пендаровски за судските настани од 27 април се во спротивност со сите негови досегашни ветувања за правна држава за сите граѓани, за правда, уставен поредок и како што имаше изјавено самиот тој, не одобрување амнестија на ниту еден криминалец, се вели во реакцијата кон изјавата на Претседателот Стево Пендаровски поврзана со случајот “27април“, од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

— реклама —

Во продолжение на истата од коалицијата додаваат:

— реклама —

Почитуван Пендаровски, Вие не отворивте уста ниту еднаш за монтираните случаеви, нарочито кон Албанците, особено кога беше убиено дете како Алмир и кога еден криминалец како Бобан Илич се пушти на слобода. Неприфатливо е кога Вие како претседател станувате дел од дебата за помилување на терористите од 27 април, преквалификација на делото или слични игри како тие што ги видовме кога се амнестираа еден дел од нив. Секаква преквалификација на делото на сторителите ќе биде сватено како преквалификација на нашата борба против тогашниот режим против кој се боревме сите.

— реклама —

Последните изјави ги зацврстуваат сомневањата на јавноста дека некои во државната и владината хиерархија продолжуваат да соработуваат и да ја подаваат раката на тој режим, кои што половина и така се дел на сегашната Влада. Скандалозно е земањето пример на една фигура како Александар Вучич, кој што има вмешано прсти во сите крвопролевања на Балканот како поранешен министер на пропагандата на Милошевич, противник на НАТО и денес загушувач на демократијата и опозицијата во неговата земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања