„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Коцевски спасен до ноември: поради изборите, наредните три месеци не можат да го разрешат ако не даде оставка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Премиерот Христијан Мицкоски, смета дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски е лојален на партиите СДСМ и ДУИ кои го донеле на функцијата, па пред новинарите призна дека сега не можат да го продолжат процесот за разрешување бидејќи ќе се распишат избори веќе идната недела. Со ова, Коцевски е сигурен до ноември.

— реклама —

„Сега и ние да сакаме да преземеме, влегуваме во процес на избори. Изборите ќе се распишат следната недела. Поради ограничувањата со законот, сите процеси ги оставаме за во ноември, кога ќе продолжат. Ако даде оставка влегуваме во лавиринт, не можеме да бираме. А таму има заменици кои ќе ја преземат работата“, додаде Мицкоски.

Тој претпоставува дека Коцевски сака да остане на позицијата, додека не биде отповикан од СДСМ и ДУИ кои го гласале.

— реклама —

„Така се случи и со Судскиот совет. Изгласаа недоверба пратениците, Судскиот совет си остана таму, уживаат во привилегиите. Во некои куларски разговори велат „партијата ме поставила, додека не ме отповика не си одам“. А знаете кои партии беа на власт. Факт е дека тие не си заминуваат. Истото е претпоставувам и чувството за јавниот обвинител. Вие се сеќавате од опозицијата мене ме обвинуваа дека сум во коалиција со него, дека сум диктирал обвиненија.. Во рамките на неколку минути се демантираше тоа. Видовте кој го поддржаа, тоа е поранешната Влада – ДУИ и СДСМ. Тој практично е се уште лојален на тие кои претходно му дале поддршка“, посочи Мицкоски.

Неколку дена откако му изгласаа недоверба, Коцевски си остана на функцијата без да даде никаков коментар. Нема ни одговор од страна на Обвинителството кои ќе бидат неговите наредни чекори на републичкиот обвинител.

„Скопје1“ веќе објави дека сценариото за „преживување“ што е можно подолго е преку спас со распишување на локалните избори, кога не може да се именува и разрешува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања