„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

КОД: Прва жртва на видео играта Синиот Кит во Македонија 14 годишно момче се обеси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
siniot-kit-zrtva

14 годишно момче од кочанското село Кучичино си го одзеде животот со бесење, трагедијата силно одекна на истокот, но и на социјалните мрежи. Момчето на 16-ти ноември било на училиште до 13 часот, откако се вратило во својот дом, по неколку часа неговата баба го пронашла во шупата. Не оставил писмо, зошто тоа го сторил? До редакцијата на КОД пристигна анонимна дојава од жител од овој регион дека момчето е првата жртва на видео играта Синиот Кит. Во селото Кучичино се се случува на сред село. Жителите расположени за разговор, но кога ги прашавме за случајот реакцијата им беше дека темата им е премногу болна, објави Телевизија Телма.

— реклама —

Со случајот се запознати и првата детска амбасада „Меѓаши“.

Засега причините за смртта на момчето се базираат на претпоставки, а не и на докази. Семејството побарало да се изврши вештачење на мобилните телефони и на компјутерот, но надлежните институции досега ги немаат земено. Родителите скршени од болка не сакаат да говорат. Средината е изненадена, шокирана од чинот кој го сторил момчето, бидејќи го опишуваат како ведар лик.

— реклама —

Никој не забележал нешто чудно во однесувањето на деветто одделенецот, ниту пак некоја форма на самоповредување.

Видео игрите станаа секојдневии на децата и тинејџерите. Направени се на принципот на наградување, која што е и една од мамките за младата популација. Психолозите и педагозите предупредуваат дека постои зависност од видео игри, а сипмтомите се исти како и кај зависност од алкохол, дрога.

Светот сериозно работи на оваа тема. САД и одредени европски држави веќе имаат центри, во кои се одвикнуваат младите од видео игри, а во самиот воспитно образовен процес и отворено се говори за нив.

Кучичино е на само10 километри од Кочани и сеуште е живо село. Во него учат 35 ученици од прво до деветто одделение на кого модерните медиуми им се достапни без проблем. Наставниците кои отворено говореа пред камерата на КОД и родителите сметаат дека треба да се отворат очи и да имаат контрола на тоа што работат децата на компјутерите или паметните телефони.

извот: Телевизија Телма

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања