Промени тема
Контакт

Кога Ковачевски ветил дека Бугарите ќе бидат внесени во Уставот и што добиваме за возврат, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
18012022_PVRSM_Kovachevski_PVRB-2

Османи и Ковачевски бегаат од македонската јавност да соопштат и споделат што преговараат со Бугарија, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Пиунот Ковачевски е должен да одговори кога ветил дека Бугарите ќе бидат внесени во Уставот на Македонија и што Македонија добива за возврат.

Додека од бугарските власти јасно се говори дека се преговара за отворање на Уставот на Македонија и вметнување на Бугарите во Уставот и дека не се преговара за македонско малцинство во Бугарија, молк од страна на пиунот Ковачевски за правата на Македонците во Бугарија.

— реклама —

Нацрт документот кој пиунот Ковачевски го испратил до бугарската влада, преку неговиот министер Бујар Османи како одговор на бугарскиот пакет 5+1 се уште се крие, а со тоа е се поголем сомнежот дека задкулисно се преговара надвор од содржината на Резолуцијата која се донесе во Собранието.

— реклама —

Нема никаков реципроцитет, односно рамноправност со кои се обврзани Ковачевски и Османи со Резолуцијата во Собранието на Македонија.

Повторно се преговара само за отстапки од македонска страна, и распродавање на државните и националните интереси.

— реклама —

Затоа веднаш, без криење треба да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања