Промени тема
Контакт

Кога не блокира закони ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести за птичји грип, се правда власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

„ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста, по случајот на птичји грип се постапува уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференција. Кога не блокира закони ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести со цел да внесе вознемиреност во јавноста“, вели СДСМ во реакцијата на изјавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат:

„Таква е и денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски кој по кој знае кој пат ги лаже граѓаните.

— реклама —

Лагите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно демантирани.

— реклама —

Како што јавно соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство екипите уште од вчера се терен и постапуваат по случајот на птичји грип, се врши епидемиолошко истражување, а денеска заседавал и Националниот центар за контрола на болести.

Сето тоа е преземено уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференција.

— реклама —

Граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не нуди решенија туку само лаги, конструкции и манипулации“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања