„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња

Кои пејачи кои ќе се натпреваруваат на Беовизија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
uraganke

Србија го одбра списокот на песни и пејачи кои ќе се натпреваруваат на следната Евровизија во Торино. На списокот има 36 песни и учесници.

— реклама —

Новиот претставник и песна за Евровизија ќе ги избере низ две полуфиналиња кои ќе се одржат на 3 и 4 март и финалето на 5 март. Претходно на изборот биле пријавени 150 изведувачи.

— реклама —

Меѓу 36-те избрани има голем број познати имиња. Едно од нив е и фолк пејачот Аца Лукас, кој ќе настапи со песната „Оскар“. Ќе се натпреварува и младата хрватска пејачка Анџелина со песната „Оригами“, а на списокот и е Гоца Тржан.

— реклама —

Таа ќе настапи со песната „Фитиљ“. Сара Јо која неодамна излезе со дует со Франко Бателиќ е на списокот натпреварувачи. Таа ќе се натпреварува со песната „Мушкарчина“, која ја напиша популарниот текстописец Коби.

За потсетување, Србија минатата година на Евросонг ја претставуваше групата „Ураганки“, со песната „Локо Локо“. Девојките предизвикаа големо внимание во изборот во финалето, кое на крајот го завршија на 15 место.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања